Ирина Шајк и Бредли Купер беа фотографирани додека се прегрнуваа за време на заедничка прошетка во Њујорк.
36-годишниот модел и 47-годишниот актер беа во врска до 2015 до 2019 година и заедно имаат една ќерка. Сега, тие повторно поттикнаа гласини дека ја обновиле врската и многу нивни фанови шпекулираат дека сакаат да имаат уште едно дете заедно.









Ирина и Бредли се разделија во јуни 2019 година, но останаа добри пријатели за доброто на нивната ќерка врз која имаат заедничко старателство. Двојката често е фотографирана со малото девојче, а последно беа уловени од папараците на Халовин. Ирина избра секси маска и се претвори во пин-ап моделот Бети Пејџ, а Бредли се маскираше во мечка.

Таа сподели фотографија на која седи во скутот на Бредли.
Претходно, парот беше заедно на забава.
