Ирина Шајк успешно балансира меѓу мајчинските и работните обврски.
По нејзиното дефилирање на ревијата на Мајкл Корс во Њујорк, таа беше фотографирана на прошетка со пораснатата ќеркичка Леа. 37-годишната манекенка беше облечена во невообичаен стајлинг кој наликуваше како комбинација од два фустани за што доби помешани коментари од модните критичари.






Заедно со нив беше и нејзината пријателка Стела Максвел.










На ревијата на Корс во рамките на Њујоршката модна недела беше презентирана колекцијата пролет 2024 година.
