Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Шајк за ко-родителството со Бредли Купер: „Тој е најдобриот татко за кој можевме да сонуваме со Леа“

Ирина Шајк за ко-родителството со Бредли Купер: „Тој е најдобриот татко за кој можевме да сонуваме со Леа“

Ирина Шајк го покажа својот сексапил во нова фотосесија за списанието „Elle“, а во интервјуто се отвори за приватниот живот.

37-годишната манекенка зборуваше за ко-родителството со Бредли Купер и за извршувањето на работните обврски додека истовремено се грижи за ќеркичката Леа.

Шајк сподели дека одлично се сложуваат со Бредли околу грижата за Леа и покрај тоа што ја прекинаа нивната врска во 2019 година.

„Тој е најдобриот татко за којшто можевме да сонуваме со Леа“ – изјавила Ирина.

Ирина Шајк Ирина Шајк

Поранешниот пар нема ангажирано дадилки за Леа и ја учи на поскромен живот. „Ние ја носиме Леа секаде со нас. Многу е едноставна. Пред два дена, морав да одам во фитнес сала, па само ѝ купив блокче и ѝ реков дека морам да вежбам. Таа црташе цел час, а потоа отидовме на проба кај Мајкл Корс. Тој ѝ подари чантичка, а таа му нацрта мачка“ – сподели Шајк.

„Леа отиде во многу земји изминатите два месеци, но ние сакаме да ја знае вредноста на нештата. Сакаме да ѝ покажеме дека мораш да работиш напорно за да постигнеш нешто“ - дополнила таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк

Ирина споделила дека имала скромно детство и дека со родителите и сестра си живееле во стан од 35 метри квадратни во Русија. „Никогаш не помислив: ‘Сакам поразличен живот’“ – изјавила таа.

Кога имала само 14 години, нејзиниот татко се разболел од тешка пневмонија, по што починал. Свесна дека целиот товар останал на нејзината мајка, таа одлучила да помогне во покривање на финанскиските трошоци.

„Татко ми отсекогаш сакаше момче. Тој нѐ сакаше многу, но кога почина почувствував дека сум родена во погрешно тело. Почувстував како јас да треба да се грижам за семејството. Мразев што сум девојче. Се сеќавам дека имав расправии со мајка ми, бидејќи сакаше да ме облекува во цветна облека, а јас сакав да носам темни бои“ – рекла таа.

Сестрата на Ирина била опседната со шминки и фризури, па се запишала на козметичко училиште. Токму таму, убавината на Ирина била препознаена и добила понуда за работа во Париз.

Тоа бил стартот на нејзината кариера, која започнала од 60 евра неделно. „Имав агенти кои ми велеа дека треба да ја истрижам косата, да станам русокоса и да ослабам, а јас реков апсолутно НЕ“ – раскажала Шајк, која имала 20 години кога го напуштила својот дом во потрага по модна кариера.

Ирина Шајк Ирина Шајк

„Морам да ги плаќам моите сметки. Јас немам богат сопруг“ – рекла Ирина, објаснувајќи дека мора да работи за да ги покрива своите трошоци.

Таа сподели и како се справува кога нејзината ќерка не сака таа да оди во други градови поради работните обврски. „Ѝ велам: ‘Сакаш да одиш на одмор ,така? Сакаш да одиш на шопинг. Затоа јас морам да одам во Лондон. Ти ќе останеш со Тато, бидејќи Мама мора да работи’“ – изјавила таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.