Ирина Дишовска не пропушти да го одбележи 40-тиот роденден на својот сакан.
Македонската планинарка сподели слатко видео од заеднички моменти со сопругот Павле Камилоски од запознавањето, па сé до ден денес. Во него се редат фотографии и кадри од почетокот на нивната врска, па од нивната свадба и од добивањето и растењето на нивните две деца, Јосиф и Лена.





Во видеото, Ирина напиша:
Од човек кој едвај го познавав
До мажот кој стана мој најдобар пријател,
Мој љубовник,
Мој сопруг и...
Неверојатен татко на нашите две деца.
Среќен роденден, љубов моја.
Ирина и Павле стапија во брак во февруари 2023 година. Нивното синче Јосиф се роди во јуни 2023 година, а ќеркичката Лена дојде на овој свет во јануари оваа година.










