Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Изненадување: Серена Вилијамс откри дека е повторно бремена на црвениот тепих на Мет галата

Изненадување: Серена Вилијамс откри дека е повторно бремена на црвениот тепих на Мет галата

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан го очекуваат второто дете. Парот ја откри веста на црвениот тепих на Мет галата.

Пред музејот на уметноста „Метрополитен“, 41-годишната тениска легенда го истакна трудничкото стомаче во црн тесен фустан, а на Instagram сподели фотографии со кои ја потврди бременоста. На нив, Серена нежно го гали своето стомаче, а во описот пишува:

„Многу бев среќна кога Ана Винтур нè покани тројцата на Мет галата“.

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан

Серена и Алексис имаат една ќерка, 5-годишната Алексис Олимпија.

Темата на балот оваа година е „Карл Лагерфелд: Линија на убавината“. Околу 400 гости беа замолени да се облечат во чест на покојниот дизајнер, кој обожаваше да се облекува во црно-бело.

Серена беше облечена во фустан од Гучи.

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан Серена Вилијамс и Алексис Оханијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11289 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.