Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Изненадување: Амбер Херд стана мајка и ја сподели првата фотографија со ќеркичката

Изненадување: Амбер Херд стана мајка и ја сподели првата фотографија со ќеркичката

Амбер Херд стана мајка.

35-годишната актерка доби ќерка и сподели фотографија од бебенцето на Instagram.

„Возбудена сум што ја споделувам оваа вест со вас. Пред четири години, одлучив дека сакам да имам дете. Сакав да го направам тоа под мои услови... Се надевам дека стигнавме до точка во која е нормализирано да не сакаш прстен за да имаш бебешко креветче... Мојата ќерка се роди на 8 април 2021 година. Се вика Уна Пејџ Херд. Таа е почеток на остатокот од мојот живот“ – напиша Амбер во описот.

Извори блиски до Херд тврдат дека таа го добила бебето со помош на сурогат-мајка. „Уна е апсолутно прекрасна, а Амбер е вљубена во неа. Отсекогаш знаеше дека сака да биде мајка и сега ѝ се исполни најголемата желба. Благодарна ѝ е на прекрасната жена која помогна да се донесе Уна во нејзиниот живот“ – рекол еден од изворите.

Амбер беше во врска со Џони Деп од 2012 до 2016 година. Тие стапија во брак во 2015 година, кој заврши во 2016 година кога таа поднесе документи за развод и го тужеше за вербално и физичко насилство.

Амбер Херд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.