Врската на Бред Пит и Инес Де Рамон е навистина сериозна. Според странските медиуми, тие веќе живеат заедно, а неодамна беа фотографирани додека уживаа на плажа.
60-годишниот актер, облечен во бело, ја прегрнуваше саканата и двајцата разговараа и пиеја кафе за време на релаксираната прошетка.
32-годишната Инес носеше бел фустан и темнозелен елек.














Пит се разведе од Анџелина Џоли пред осум години. Тие заедно имаат три биолошки и три посвоени деца.
Ова е негова прва подолга врска по разводот.

