Јелена Томашевиќ го претстави новиот албум, насловен „Искрена“.
40-годишната српска пејачка изгледаше шармантно во црн фустан со точкест принт на настан кој се одржа во белградски локал. Популарната музичарка беше придружувана од сопругот Иван Босиљчиќ, а меѓу гостите беа и Гоца Тржан, Фрајле и Сергеј Четковиќ.









За време на интервјуто за новинарите, Јелена рече дека албумот го посветува на нејзиното семејство – на покојниот татко, на мајка си, на Иван и на ќерката Нина, чие мислење многу ѝ значи.
„Најголема поддршка ми се Иван и Нина и ми значи нивното мислење. Нина веќе е тинејџерка, па веќе има изградени ставови“ – рече Јелена.
Таа сподели дека новиот албум им е посветен на нејзините најмили, меѓу кои и на нејзиниот покоен татко.
„Најмногу ми недостасува мојот татко и знам дека би бил пресреќен кога би бил на оваа промоција. Цело време ја чувствував неговата поддршка. Верувам во живот по смртта, знам дека е тука некаде и дека нè поддржува.“
„Би се гордеел, секогаш беше искрен. Би ми кажал што му се допаѓа, а што не и би ми дал совет“ – рекла таа.







ФОТО: Jelena Tomasevic Bosiljcic / Instagram
Пред неколку дена, Томашевиќ објави нови песни и спотови за истите.
„Верувам дека мојот нов албум „Искрена“ ќе биде сакан колку што ми значи мене“ – рече таа.