Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Изненадна свадба: Софи Тарнер и Џо Џонас се венчаа спонтано на церемонија од 600 долари во Лас Вегас

Изненадна свадба: Софи Тарнер и Џо Џонас се венчаа спонтано на церемонија од 600 долари во Лас Вегас

Софи Тарнер и Џо Џонас стапија во брак. 23-годишната актерка од „Game of Thrones“ и 29-годишниот пејач се венчаа на спонтана церемонија во Лас Вегас, откако само неколку часа претходно присуствуваа на доделувањето на музичките награди на Билборд.

Софи и Џо се заколнаа на вечна љубов во популарната „Мала бела капела“, која е отворена 24 часа на ден за сите оние кои сакаат да се венчаат брзо. Таа за првпат била отворена во 50-тите години и досега таму се венчале околу 800.000 парови, меѓу кои и бројни славни личности.

Целата церемонија чинела само 600 долари, нив ги венчавал човек маскиран во Елвис Присли, а младенците си размениле прстени со бонбони.

На социјалните мрежи беа објавени неколку видеа од изненадната свадба.

Софи Тарнер и Џо Џонас Софи Тарнер и Џо Џонас

Пријанка Чопра ѝ беше деверица на Софи, а сведоци на овој момент беа и браќата на Џо, Ник и Кевин.

Софи и Џо се верија во октомври 2017 година.

Софи Тарнер и Џо Џонас Софи Тарнер и Џо Џонас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.