Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето прво бебе.
Веста за бременоста на реалити ѕвездата се распространи неколку дена откако „протече“ информација дека нејзината полусестра Кајли Џенер е во блажена состојба. Претходно беше откриено дека Ким очекува трето дете благодарение на сурогат-мајка.

33-годишната Клои и 26-годишниот кошаркар се во врска од септември минатата година.
Во декември 2016 година, Тристан доби синче од поранешната девојка Џордан.



Клои претходно беше во брак со кошаркарот Ламар Одом, од кого официјално се разведе во декември минатата година.