Ким Кардашијан и Кание Вест ќе станат родители по трет пат.
Убавата вест ја сподели близок на славниот пар, потврдувајќи дека сурогат-мајката која тие ја имаа платено за да го носи нивното трето дете е бремена.
„Целото семејство е пресреќно. Ким со месеци бараше сурогат-мајка, додека неодамна не ја најде совршената канидатка“ – изјавил анонимниот извор за People. Според информациите до кои дојде TMZ, на сурогат-мајката ѝ биле платени 45.000 долари, а бебето се очекува да се роди во јануари.

Ким имаше компликации во текот на втората бременост и докторите ја советуваа дека третата бременост би била премногу ризична за неа.
36-годишната реалити ѕвезда и 40-годишниот рапер стапија во брак во мај 2014 година. Нивната ќерка Норт се роди на 15 јуни 2013 година, а малиот син Сент дојде на овој свет на 5 декември 2015 година.




