Кајли Џенер е бремена. 20-годишната ѕвезда од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ го очекува првото дете со 25-годишниот рапер Травис Скот, со кого е во врска само пет месеци.
Според анонимен извор близок на парот, Кајли е во четвртиот месец од бременоста и тие веќе го знаат и полот на бебето. Наводно Џенер носи девојче.

„Тие започнаа да им ја соопштуваат среќната вест на пријателите пред неколку недели. Семејствата знаат веќе извесно време. Таа е НАВИСТИНА возбудена, а исто така е и Травис“ – изјавил анонимен извор за реномираното списание „People“.


Кајли ја започна својата романса со Травис во април, кратко време откако раскина со Тајга.
Изминатиот период, Кајли беше фотографирана само во пошироки креации и лежерни маички, а на социјалните мрежи објавуваше стари фотографии за обожавателите да не ѝ го забележат стомачето, пред таа и Травис да бидат подготвени да ја споделат веста со јавноста.
Наводно, Кајли треба да се породи во февруари следната година.







Кајли не се појави и на гостувањето на целото нејзино семејство пред неколку дена во шоуто „Today“.


Во 2015 година, познатиот рапер беше неколку пати виден заедно со Ријана, па како и обично, гласини за нивна врска се слушаа насекаде.



По објавувањето на веста за бременоста, на интернет започнаа да се шират шпекулации дека е возможно Кајли да е сурогат-мајката која го носи третото бебе на Ким и Кание.