Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Златна малина 2013: „Twilight“ со вкупно 11 непосакувани номинации

Златна малина 2013: „Twilight“ со вкупно 11 непосакувани номинации

Во Холивуд секоја година се доделуваат награди кои никој не сака да ги добие – Златни малини. Наречени уште и „анти-Оскари“, трофеите на манифестацијата Златна малина завршуваат во рацете на најлошото во филмската индустрија. Денес беа објавени номинираните за Златна малина 2013, кои нема да ги израдуваат обожавателите на вампири и врколаци.

Иако последниот филм од вампирската сага „Twilight“ помина одлично во кино салите, гласачите на Златна малина очигледно не беа воодушевени од финалето. „The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2“ доби 11 непосакувани номинации, меѓу кои и за Најлош филм.

Twilight

Кристен Стјуарт е номинирана за Најлоша актерка, Роберт Патинсон за Најлош актер, Ешли Грин за Најлоша актерка во споредна улога, а Тејлор Лотнер за Најлош актер во споредна улога. Целата екипа на „Twilight“ заработи и номинација за Најлоша екипа од екраните, а Роберт и Кристен имаат номинација и за Најлош пар.

TwilightКристен Стјуарт и Роберт Патинсон

Во категоријата Најлош филм уште ќе се натпреваруваат и „Battleship“, „The Oogieloves in the Big Balloon Adventure“, „That's My Boy“ и „A Thousand Words“.

Заедно со Патинсон, во категоријата Најлош актер за трофејот се „борат“ и Николас Кејџ, Еди Марфи, Тајлер Пери и Адам Сендлер.

Манифестацијата Златна малина 2013 ќе се одржи на 23 февруари, еден ден пред Оскарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.