Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Златна малина 2012: Адам Сендлер е најлош актер и најлоша „актерка“

Златна малина 2012: Адам Сендлер е најлош актер и најлоша „актерка“

Сте го гледале ли филмот „Jack and Jill“? Ако вашиот одговор е не, тогаш можеби треба да ги послушате критичарите и да го прескокнете за да не си го губите времето. „Jack and Jill“ стана рекордер по освоени награди, но станува збор за наградите кои никој не сака да ги добие – Златни малини.

Комедијата на Адам Сендлер освои рекордни 10 „малини“. Тоа е единствениот филм кој во 32-годишното доделување на Златните малини ги освоил наградите во секоја категорија.

„Jack and Jill“Адам Сендлер во „Jack and Jill“

Освен што филмот ја доби наградата Најлош филм, Адам Сендлер беше прогласен за Најлош актер и Најлоша „актерка“, бидејќи во филмот ги глуми близнаците Џек и Џил.

Оскаровецот Ал Пачино кој се појавува во филмот ја освои наградата Најлош актер во споредна улога.

Златните малини уште се нарекуваат и анти-оскари и се наменети за најлошите во филмската индустрија. Објавувањето на „победниците“ оваа година за првпат се одржа на Денот на шегата. Традиционално досега наградите „Златна малина“ се доделуваа непосредно пред доделувањето на Оскарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.