Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Започна снимањето на долгометражниот филм „Диџеј Ахмет” на Георги М. Унковски

Започна снимањето на долгометражниот филм „Диџеј Ахмет” на Георги М. Унковски

Започна снимањето на долгометражниот игран филм „Диџеј Ахмет” по сценарио и режија на Георги М. Унковски, а во продукција на Синема Футура.

Филмот е драма со примеси на комедија за еден млад јурук од јуручките села во Македонија кој сонува да стане диџеј. Приказна за љубовта, пријателството и само откривањето на еден тинејџер, поставена на динамичка позадина во која се судруваат традиционалните вредности и модерното време.

Диџеј Ахмет

Снимањето на филмот ќе се одвива во периодот од 15 октомври до 22 ноември 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето ќе се одвива и во Скопје.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ Дуда, снимател на тон Павел Јан. Монтажата ќе ја изработи Михал Раих.

Главните улоги во филмот ги играат Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се: Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Диџеј Ахмет Диџеј Ахмет Диџеј Ахмет

Филмот е копродукција помеѓу Синема Футура и Сектор филм од Македонија, Алтер Вижн и Аналог Вижн од Чешка, Бекрум продукција и Баш челик од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска, линиски продуцент Виктор Павловски.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија, Чешки филмски фонд, и Филмски центар Србија, како и од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Диџеј Ахмет Диџеј Ахмет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.