Почетна » Новости » Шоу-бизнис » За остри критики: Безобразно невкусен „виц“ на претставникот на Црна Гора на Евровизија за деца болни од рак

За остри критики: Безобразно невкусен „виц“ на претставникот на Црна Гора на Евровизија за деца болни од рак

Евровизискиот претставник на Црна Гора доби лавина критики за крајно невкусниот виц кој го кажа за време на прес-конференција. Вања Радовановиќ ги исмеа слепите и глувонемите лица и децата болни од рак.

Во видеото, новинар бара од Вања да каже виц, бидејќи имал репутација на шегаџија.

„Знаете што добиваат глувите, слепите и немите деца за Божиќ? Рак“ – рече Вања.

Преку пост на Twitter, Радовановиќ се извини за шегата.

„Најискрено им се извинувам на сите оние кои ги навредив со својата лоша интерпретација на неумесна шала на Рики Џервејс. Добро знам како е да изгубиш некого поради рак и знам дека не беше ни време, ни место за тоа. Простете ми“ – стои во неговата објава.

Неговата безобразна шега беше остро осудена на социјалните мрежи, а членови на Советот на Радиотелевизија Црна Гора побарале да биде дисквалификуван. Сепак, тој учествуваше во полуфиналето, но не успеа да се избори за пласман во финалето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.