Близнаците на Ребека Јанковска Ристески и Милан Ристески наполнија 12 години.
Македонската пејачка го прослави овој важен ден со семејството. Таа сподели фотографија на која позира со најголемиот син Маркијан и близнаците Доротеј и Макариј. Пред нив стои торта на којашто пишува:
„Среќен 12-ти роденден Доротеј и Макариј“.
Во описот, Ребека им се заблагодари на сите кои одделија време да им го честитаат роденденот на нејзините синчиња на празникот Рождество на Пресвета Богородица.
„Ви благодариме на сите за прекрасните честитки, желби и подароци. За многу години и денешниот прекрасен празник Рождество на Пресвета Богородица“ – напиша таа.

Претходно, Ребека сподели фотографии од јулскиот летен одмор со семејството.



