Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Токио“ ќе стане мајка: Ѕвездата на „La Casa de Papel“ е бремена

„Токио“ ќе стане мајка: Ѕвездата на „La Casa de Papel“ е бремена

Урсула Корберо откри дека е бремена.

Шпанската актерка, најпозната по улогата на Токио во хит серијата „La Casa de Papel“, го очекува своето прво дете со долгогодишниот партнер, актерот Чино Дарин.

Ѕвездата на хит-серијата ја сподели веста на Инстаграм со фотографија на која носи бела свилена ноќница, гордо покажувајќи го трудничкиот стомак и духовито додавајќи: „Ова не е вештачка интелигенција“.

Урсула Корберо Урсула Корберо

Корберо и Дарин се во долга врска од 2016 година, кога се запознаа на снимањето на политичката серија „The Embassy“, во која глумеа како Естер Чернуда и Карлос Гиљен.

Урсула Корберо Урсула Корберо

Шпанската актерка стекна меѓународна слава со улогата на бунтовничката Токио во „La Casa de Papel“ (2017–2021), каде што нејзиниот лик, покрај тоа што беше дел од бандата предводена од Професорот, ја имаше и улогата на наратор на приказната.

Урсула Корберо Урсула Корберо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29146 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.