Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам ги одведоа своите две деца на егзотичен одмор во Грција.
Славниот пар престојуваше на малиот идиличен остров Антипарос, а сподели бајковити фотографии на Instagram. 38-годишната манекенка, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, уште еднаш покажа зошто сè уште е сметана за една од најатрактивните жени на светот.
Покрај своите модни комбинации, Роузи покажа и дел од семејните лудории на вода, пејзажите и активностите на нејзините деца.












Роузи и Џејсон започнаа да се состануваат во 2010 година, а се верија во јануари 2016 година. Нивното синче се роди во 2017 година, а ќеркичката пет години подоцна.









