Почетна » Новости » Актуелно » Мелис, Мира и Малахат напредуваат: Предвреме родената тројка е во одлично здравје

Мелис, Мира и Малахат напредуваат: Предвреме родената тројка е во одлично здравје

Мелис, Мира и Малахат, трите бебиња предвремено родени во 31. гестациска недела во Клиника Жан Митрев, напредуваат фантастично. Поминаа околу два и пол месеци од нивното раѓање, а трите сестрички се во добра општа состојба, активни и нивниот раст и развој одговара на нивната возраст. Нивниот здрав раст и развој, заедно со насмевката на родителите, се најголема награда за тимот кој се грижеше за нив.

Од Жан Митрев советуваат будно следење на растот и напредокот, редовни лекарски контроли и почитување на препораките од докторите – како правилно да се хранат, како да се стимулира правилниот развој и како да се заштитат од евентуални инфекции. Посебно нагласуваат колку е важно редовното вакцинирање и следењето на психомоторниот развој.

Во Центарот за мајка и бебе во рамките на Клиника Жан Митрев, секое новороденче добива бесплатно четири контроли, за време на првиот месец од раѓањето, од страна на педијатар/неонатолог. По потреба, постои координација и со други доктори за дополнителни прегледи и консултации, со цел да се обезбеди целосна грижа за здравјето и развојот на детето.

Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29150 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.