Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ешли Грем ги покажа близнаците: Најпознатиот модел со облини сподели фотографија на која ги дои синчињата

Ешли Грем ги покажа близнаците: Најпознатиот модел со облини сподели фотографија на која ги дои синчињата

Еден месец по раѓањето на близначињата, Ешли Грем ја сподели првата фотографија од нив.

Најпознатиот модел со облини позираше седната на кауч со малите момчиња. Таа нежно го држи едното бебенце додека го дои другото. Во описот на Instagram, Ешли ги сподели имињата на нејзините синчиња.

„Малакај и Роман. Моите момчиња ми се најголемите учители и најголемите потсетници дека можам да правам тешки нешта. Ова не беше лесно, но вредеше. Сè уште не ми се верува дека имам 3 деца. Едвај чекам да го споделам моето породување и постпородилно патување со сите вас наскоро“ – напиша таа.

Нејзиниот сопруг Џастин објасни дека бебенцето кое цица е Роман, а бебенцето на рамото на Ешли е Малакај. Тој напиша слатка порака за својата сакана:

„Не можам да изберам зборови како да го опишам она што секојдневно го гледам. Ешли ја користи секоја секунда за да се грижи за нашите нови мали момчиња. ‘Импресивно’ е малку. ‘Неверојатно’ е поблиску. ‘Мајка’ е совршено. Те сакам“.

Ешли и Џастин стапија во брак во 2010 година, а нивниот прв син се роди на 18 јануари 2020 година.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27692 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.