Почетна » Новости » Актуелно » Грижата за вработените носи долгорочен успех - „Макпетрол“ исплати регрес од 48.000 денари

Грижата за вработените носи долгорочен успех - „Макпетрол“ исплати регрес од 48.000 денари

„Макпетрол“ и оваа година ја реализира исплатата на регрес за годишен одмор, обезбедувајќи нето износ од 48.000 денари за своите вработени. Со оваа практика, која прераснува во континуирана поддршка, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање стабилна, мотивирана и продуктивна работна средина.

Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за деловната 2024 година, односно, секој вработен доби износ што претставува 100 отсто од просечната плата на вработените во 2024 година.

Макпетрол

Освен со исплата на средства по неколку основи надвор од редовните примања, „Макпетрол“ инвестира и во обезбедување можности за развој и напредок на своите вработени. Компанијата создава услови за сите вработени да се стекнат со дополнителни знаења и на тој начин постојано да го подобруваат високиот степен на професионалност. Потврда дека ова е вистинската стратегија се илјадниците потрошувачи кои секојдневно ги користат бензинските станици на компанијата. Влогот и вербата во вработените и во иднина ќе биде еден од најзначајните приоритети на „Макпетрол“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27742 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.