Сте знаеле ли дека Бијонсе има 107 милиони следбеници на Instagram, но таа не следи никого? Елен Деџенерис го забележа тоа и реши да направи сè за таа да биде првата и единствена личност која Бијонсе ќе ја следи на популарната социјална мрежа.

Во својата емисија, 59-годишната водителка ја сподели својата „амбициозна“ цел и ја замоли публиката да ѝ помогне во остварувањето.
За да го привлече вниманието на Бијонсе, Елен ги натера сите гости во нејзиното шоу да станат и да танцуваат на кореографија на хитот „Single Ladies“ на Бијонсе, а потоа објави видео на Instagram.
ВИДЕО
Во следната емисија, Елен се фотографираше со своите гости заедно со порака до Бијонсе. Во рацете таа држи транспарент со фотографија од Бијонсе до која пишува: „Еј Бијонсе, заследи ја Елен“.
Популарната водителка продолжува да прави сè, за да го привлечи вниманието на музичката ѕвезда. Таа сподели и фотографија од „билборд“ со истата порака и во описот напиша: „Го поставив овој билборд пред куќата на Бијонсе. Премногу?“.
Деџенерис сподели и стара фотографија со својата сакана пријателка.
Што мислите, ќе успее ли Елен да си ја оствари својата цел?