Ева Лонгорија во елегантно модно издание пристигна на галата MOCA, на која се собираа средства за Музејот на современата уметност во Лос Анџелес.
47-годишната актерка носеше жолта креација од брендот Giuseppe Di Morabito. Фустанот беше со корсет со интересна форма кај градите.





Лонгорија беше придружувана од сопругот Хозе Пепе Бастон.









