Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елегантен пар: Жељко и Јована Јоксимовиќ дотерани на свеченост во Виена

Елегантен пар: Жељко и Јована Јоксимовиќ дотерани на свеченост во Виена

Јована Јоксимовиќ привлече многу погледи на овогодишното 25. издание од Светосавскиот бал во Виена.

42-годишната водителка го придружуваше својот сопруг Жељко, кој настапи на сцената во палатата Хофбург. Убавата Србинка носеше долга бела тоалета од дизајнерот Стефан Ѓоковиќ, а својот изглед го надополни со впечатлив црвен кармин.

Жељко носеше црн костум, бела кошула и црна лептир машна.

Јована и Жељко Јоксимовиќ Јована и Жељко Јоксимовиќ Јована и Жељко Јоксимовиќ Јована и Жељко Јоксимовиќ

„Чест ми е што со своето присуство ја воздигнавме оваа раскошна свеченост, уживавме во спектакуларната програма и сите заедно обезбедивме значајна донација за Центарот за Даунов синдром од Бања Лука“ – напиша српскиот пејач на Instagram и сподели видео од настанот.

Јована и Жељко Јоксимовиќ

Јована и Жељко за првпат се појавија заедно на јавен настан во септември 2008 година, а во јануари 2012 година стапија во брак на Малдиви. Нивното прво дете се роди во април 2014 година, а парот доби близначки во октомври 2017 година.

Јована и Жељко Јоксимовиќ Јована и Жељко Јоксимовиќ

ФОТО: Instagram: Zeljko Joksimovic, Jovana Joksimovic, Serbisches Zentrum

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.