Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Едина Муса: „Три месеци од раѓањето на Максим се вратив блиску до старата форма“

Едина Муса: „Три месеци од раѓањето на Максим се вратив блиску до старата форма“

Едина Муса се врати во фит форма само три месеци по породувањето.

Поранешната македонска кошаркарка цели да инспирира и други мајки и поради тоа постојано објавува делови од своите напорни тренинзи.

Овој пат, Муса сподели дека веќе е вратена блиску до старата форма, како пред првата бременост. Таа се породи на 19 февруари годинава.

Едина Муса

Во описот на видеото на Instagram, таа откри дека има Хашимото тироидитис и напиша:

„Сè во животот бара дисциплина, а токму таа дисциплина што ја стекнав преку спортот, ми помогна по само три месеци од раѓањето на Максим да се вратам блиску до старата форма. Не сум целосно вратена во форма, но сум благодарна што сум толку блиску.“

„Сепак, морам да напоменам дека станува збор за долгогодишен спортист, и за мајка која нема постпородилни проблеми со хормоните.“

„Како и да е, сум била и во ситуација кога, по дијагноза со Хашимото, водев долга борба за да ги вратам хормоните во рамнотежа. И психички и физички не се чувствував добро, не се чувствував удобно во своја кожа. Но, секогаш наоѓав мотивација во секоја жена која вежба, која се труди, која не се откажува.“

„Затоа се надевам дека мојот начин на живот ќе допре и ќе мотивира таму каде што треба.“

Муса го доби синчето Максим со сопругот Александар Димитровски-Мачка. Таа вежбаше со тегови цела бременост.

Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26116 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.