Еван Елингсон прерано го напушти овој свет.
Поранешниот актер, кој уште од мали нозе зачекори во филмската индустрија, бил пронајден мртов во спалната соба од неговиот дом во Калифорнија. Имаше само 35 години.



Тажната вест ја потврди неговиот татко Мајкл, кој сподели дека Еван долго време се борел со зависноста од дрога, но дека во изминатиов период состојбата му се подобрувала.
Елингсон најмногу се прослави со филмот „My Sister’s Keeper“, во кој го глумеше синот на Камерон Дијаз. Запаметен ќе остане и по улогата на Кајл Хармон, синот на Хорацио Кејн во серијата „CSI: Miami“.



Причината за смртта на Елингсон сè уште не е откриена. Аутопсијата е закажана за во понеделник.
