Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Мендес шармираше во сопствена цветна креација на настан каде зборуваше за стареењето

Ева Мендес шармираше во сопствена цветна креација на настан каде зборуваше за стареењето

Ева Мендес присуствуваше на настанот „Create and Cultivate“ во Лос Анџелес.

Славната актерка и дизајнерка, која наскоро ќе наполни 46 години, изгледаше шармантно во креација од својата нова колекција.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

Во интервју, таа беше запрашана зошто ѝ возврати на жена која на социјалните мрежи коментираше дека таа старее.

„Не мислам дека тоа беше злонамерен коментар, но тоа е уште поопасно, бидејќи во нашето општество е длабоко проникнато дека стареењето е нешто од кое треба да се плашиме или да се срамиме.“

„Мислам дека целата онаа работа да не се прашува жената за нејзината возраст е старовремска. Можете да ме прашате колку години имам и јас со задоволство ќе ви кажам, но ќе бидам на некој начин шокирана. Наскоро ќе наполнам 46 години и на некој начин тоа ме шокира. Но, се гордеам со тоа.“

„Сакав да ѝ возвратам на таа личност. Сакав да ѝ покажам дека тоа го сфаќам како комплимент, бидејќи сум сè уште тука“ – рече Ева.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

Имено, Мендес не можела да премолчи кога Нина Вотсон искоментирала на нејзина фотографија „Таа старее“.

„Во право си. Фала му на Бога што стареам. Тоа значи дека сè уште сум тука. Наскоро ќе наполнам 46 години и секој ден сум благодарна што стареам. Твојот коментар требаше да направи да се чувствувам лошо? Не направи да се чувствувам лошо. Се чувствувам благодарна. Па, фала ти што ме потсети дека сè уште сум тука“ - возврати Ева.

Ева Мендес

На настанот присуствуваа и други славни личности како Џесика Алба и Лорен Конрад.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10260 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.