Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија шармира од насловната страница на Elle и открива како е да се биде жена во Холивуд

Ева Лонгорија шармира од насловната страница на Elle и открива како е да се биде жена во Холивуд

Ева Лонгорија е ѕвездата од насловната страница на списанието Elle.

48-годишната актерка, која неодамна стана и режисерка, позираше за изданието „Women in Hollywood“ и зборуваше како е да се биде жена во Холивуд.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ ја откри идејата зад нејзиниот филм „Flamin’ Hot“ и се осврна на нееднаквоста меѓу мажите и жените во Холивуд, нешто што таа посветено работи за да го премени.

„Холивуд одлучува како изгледаат хероите и тие никогаш не изгледаат како нас“ – рекла Ева, која е Латиноамериканка.

Поради нејзиното потекло и сакајќи да ја застапува латино заедницата за неа било многу важно во нејзиниот прв режисерски филм „Flamin’ Hot“ да ја раскаже приказната на Ричард Монтањез, хигиеничар кој тврди дека стои зад едни од најпопуларните грицки, Flamin’ Hot Cheetos.

„Го гледав Ричард и си велев дека имам прекрасна можност да создадам херој кој изгледа како татко ми, кој изгледа како вујко ми, кој звучи како моето семејство“ – додала таа.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Филмот започна да се прикажува на Hulu и Disney+ во јуни и брзо стана хит.

„Не смеев да доживеам неуспех со мојот прв филм – тоа не беше опција за мене, бидејќи немаше да добијам втора шанса. Мажите може да режираат филм од 200 милиони, да имаат неуспех и да добијат друг филм од 200 милиони. За да го промениш тој баланс, мораш да работиш напорно, мораш да работиш попаметно. Не ми пречи да го правам тоа додека не добиеме рамноправност. Ќе продолжам да ја поместувам линијата и да правам сè што можам за да го трасирам патот“ – вели Ева.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25624 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.