Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија поднесе документи за развод, Тони ја изневерувал

Ева Лонгорија поднесе документи за развод, Тони ја изневерувал

Ева Лонгорија официјално поднесе документи за развод. По 3 години брачен живот, холивудската актерка реши да стави крај на нејзиниот брак со кошаркарот Тони Паркер.

Ева Лонгорија и Тони ПаркерЕва Лонгорија и Тони Паркер

„Со голема тага, по 7 години поминати заедно, со Тони решивме да се разведеме“ – напиша Ева нa Twitter.

Првите гласини за нивната разделба се појавија вчера, кога сајтот TMZ објави дека Тони поднел документи за развод. Но, претставник на Лонгорија ги оцени таквите вести како „100% лажни“.

Само неколку часа подоцна, Лонгорија ги поднесе документите за развод во судот во Лос Анџелес.

Според нејзиниот пријател Марио Лопез, причината за ваквата одлука на Ева е неверство од страна на Тони. Ева пронашла стотици пораки во телефонот на Тони испратени од друга жена, која всушност била сопруга на еден од соиграчите на Паркер во NBA.

Сè уште не е 100% потврдено, но се претпоставува дека жената со која Тони имал афера е Ерин Бери, сопругата на кошаркарот Брент Бери (на фотографијата подолу).

Ева Лонгорија и Тони Паркер заедно со Ерин и Брент БериЕва Лонгорија и Тони Паркер заедно со Ерин и Брент Бери

Од TMZ успеале да се сврзат со таткото на Брент Бери. Тој потврдил дека и неговиот син се разведува и изјавил: „Се чувствувам ужасно за син ми. Во шок сум. Знаев дека Ерин се сели од куќата и таа ги имаше поднесено документите за развод. Брент ќе биде уништен.“

Во врска со неверството на Паркер, Марио Лопез изјавил: „Ева сака сите да знаат, таа е уништена од гласините за неверството на Тони. Го сакаше својот сопруг и срцето ѝ е скршено поради разделбата. Но, таа е силна.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12047 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.