Откако заврши со ангажманите за Париската недела на модата, Ева Лонгорија се упати на одмор во Шпанија.
48-годишната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ ја истакна својата фит фигура во розови бикини на плажа во Марбеља. Тонираното тело ѝ донесе бројни комплименти од фановите, кои го следат нејзиното фитнес патување.





Ева напорно тренира не само за да го одржува телото, туку и умот. Во неодамнешно интервју, таа објаснила дека кога телото ѝ се движи, започнува да ѝ се раздвижува и мозокот.
„Порано тренирав затоа што сакав да имам стомачни мускули, а сега ми треба за јаснотија“ – рекла актерката која е мајка на едно дете.
„Сите мислат дека има некаква тајна за добар изглед, но тоа не е некаква тајна, туку режим на исхрана и вежбање. Искрено, треба да бидете посветени на одредена цел“ – додала Ева.









Пред неколку дена, Ева се вклучи во ревијата на L’Oréal во Париз. Таа носеше бела креација со пердуви.



