Ева Лонгорија официјално ја доби титулата „Дама“. 47-годишната актерка прими орден од „Royal Corps of the Nobility of Asturias“.
Одликувањето се одржа во катедрала во Овиедо, каде нејзиниот татко бил одликуван како витез.
„Сега сум Дама Лонгорија! Денес ја добив оваа неверојатна чест во Астурија, Шпанија, за моето шпанско потекло. Татко ми не можеше да биде тука, но ќе беше многу горд“ – напиша таа.
За оваа пригода, Ева избра елегантна креација со наметка од дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски.




На церемонијата, Лонгорија ја доби поддршката од сопругот Хозе Пепе Бастон, а сподели фотографија на која добива прегратка од малото синче Сантијаго.









