Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дуа Липа за првпат на црвениот тепих со новиот дечко, кој е 14 години постар од неа и има грчко потекло

Дуа Липа за првпат на црвениот тепих со новиот дечко, кој е 14 години постар од неа и има грчко потекло

Дуа Липа и официјално не ја крие врската со новиот партнер – Ромен Гаврас.

Актуелната пејачка, која потекнува од Косово, го придружуваше 41-годишниот Французин на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

Парот „парадираше“ на црвениот тепих на премиерата на филмот Omar La Fraise (The King Of Algiers) и со разменетите нежности потврди дека е во романтична врска.

Липа носеше црн фустан со висок шлиц и отсечоци од модната куќа Celine и ја покажа новата фризура со долги шишки.

Дуа Липа и Ромен Гаврас

Гаврас е режисер под чија палка се создадени спотови на познати музички имиња како Џеј Зи, Кание Вест и Марк Ронсон. Неговиот најнов филм „Athena“ беше номиниран за наградата Златен лав на Филмскиот фестивал во Венеција.

Со својата професија, тој ги следи стапките на неговиот татко, режисерот Константинос Гаврас кој потекнува од Грција.

Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас Дуа Липа и Ромен Гаврас

Иако неколку месеци се шпекулираше дека Дуа и Ромен се во врска, тие за првпат се појавија заедно на свеченост пред два дена на француската ривиера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.