Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделени театарските награди „Тони“

Доделени театарските награди „Тони“

Вчера се одржа свечената манифестација за доделувањето на наградите „Тони“ или како што уште се нарекуваат „Оскарите во театарот“.

Кетрин Зета Џонс во прекрасна тоалета на Версаче ја прими наградата за најдобра актерка во мјузикл. Во текот на својот говор на сцената таа возбудена изјавила: „Го гледате оној маж таму? Тој е филмска ѕвезда и јас спијам со него секоја вечер“, покажувајќи кон Мајкл Даглас.

Но, откако ѝ се намалила еуфоријата, најверојатно сфаќајќи дека тоа не е еден од најдобрите говори, 40-годишната актерка засрамено признала: „Не можам да поверувам дека реков такво нешто. Не можам да поверувам дека кажав нешто толку глупаво“.

Кетрин Зета Џонс Скарлет Јохансон

Кетрин не беше единствената позната холивудска актерка којашто се радуваше со награда во рацете. Атрактивната Скарлет Јохансон го доби признанието за најдобра споредна улога за нејзиниот настап во „A View from the Bridge“.

Дензел Вашингтон ја прими наградата за најдобар настап на главен машки лик за неговата улога во драмата „Fences“.

„Red“ освои три награди, меѓу кои и за најдобра драма.

На црвениот тепих објективите на новинарите ги привлекоа многу познати лица како Луси Лу, Рики Мартин, Даниел Редклиф, Рајан Рејнолдс, Кристофер Вокен и Вил Смит.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11252 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.