Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кетрин бесна, Мајкл Даглас оптимист

Кетрин бесна, Мајкл Даглас оптимист

Кетрин Зета Џонс е бесна на докторите на Мајкл Даглас, затоа што не успеале порано да откријат дека тој има рак на грлото.

Мајкл Даглас и Дејвид ЛетерманМајкл Даглас во шоуто на Дејвид Летерман

65-годишниот актер се жалел на болки во вратот и увото неколку недели пред да му биде поставена дијагнозата, но и покрај сите тестови докторите не успеале да го забележат туморот.

„Бесна сум што не до детектираа порано“ – изјавила Кетрин.

Таа уште и признала дека не била многу изненадена кога била поставена дијагнозата, затоа што знаеле дека нешто не е во ред.

„Не беше голем шок. Знаев дека има нешто. Тој знаеше дека има нешто“ – признала популарната актерка, која е во брак со Даглас 10 години.

Мајкл Даглас пред неколку дена се појави во шоуто на Дејвид Летерман и соопшти дека ракот се проширил во неговиот врат и други делови од главата и дека е во 4-та фаза. Но и покрај тоа, тој останува оптимист затоа што докторите сметаат дека има 80% шанса да преживее и да се пребори со болеста.

„Го третирам ова како излечива болест. Тоа е борба. Ќе го победам ова“ – изјавил Даглас.

Ѕвездата на многу големи филмски хитови призна и дека причина за појавата на овој тип на рак е алкохолот и пушењето, но го обвинува и стресот што го имаше во последната година.

Пред неколку месеци неговиот најстар син Камерон доби затворска казна од 5 години, а плус Мајкл води „правна битка“ со неговата прва жена која сака половина од заработката од неговиот најнов филм „Wall Street 2: Money Never Sleeps“.

Мајкл Даглас во шоуто на Дејвид Летерман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.