Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Добитниците на Оскар 2011

Добитниците на Оскар 2011

Добивањето на Оскар е сон на секој што е дел од филмската индустрија, но малкумина можат да се пофалат дека поседуваат златна статуетка.

Вчера вечерта во Кодак театарот во Лос Анџелес се одржа 83-тото доделување на престижните награди Оскар. Апсолутен победник на вечерта беше филмот „The King’s Speech“ кој успеа да ги собере најпосакуваните награди за Најдобар филм, Најдобра режија и Најдобро оригинално сценарио, а Колин Фирт, кој ја има главната улога во оваа историска драма, ја освои наградата за Најдобар актер.

Кристијан Бејл, Натали Портман, Мелиса Лео и Колин ФиртКристијан Бејл, Натали Портман, Мелиса Лео и Колин Фирт

Натали Портман очекувано доби Оскар за Најдобра актерка за главната улога во филмскиот хит „Black Swan“.

Филмот „The Fighter“ им донесе Оскар и на Кристијан Бејл и на Мелиса Лео во категориите Најдобар актер во споредна улога и Најдобра актерка во споредна улога.

Иако не успеа да заработи ниту еден од главните Оскари, филмот „Inception“ како и „The King’s Speech“ успеа да однесе дури 4 статуетки, меѓу кои и за визуелни ефекти, монтажа на звук и кинематографија.

„The Social Network“ или филмот за Facebook, којшто беше номиниран во 8 категории, освои 3 Оскари, меѓу кои и за Најдобро адаптирано сценарио и Најдобра монтажа.

Со два Оскари се закити филмот „Alice in Wonderland“ и тоа за Најдобра костимографија и Најдобра уметничка режија.

Оскар за Најдобар анимиран филм доби „Toy Story 3“, а за Најдобар странски филм беше прогласена данската драма „In a Better World“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.