Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид и Викторија Бекам очекуваат девојче

Дејвид и Викторија Бекам очекуваат девојче

Дејвид и Викторија Бекам ја очекуваат својата прва ќерка, пишува британскиот весник The Sun.

Докторите вчера им ја соопштиле среќната вест на Бекамови. Викторија направила преглед со 4Д ултразвук и докторите ја увериле дека сè е во ред со развојот на фетусот.

Дејвид и Викторија БекамДејвид и Викторија Бекам

Иако славниот пар сè уште ја нема потврдено веста, британските медиуми успеале да се поврзат со блиски на Дејвид и Викторија кои потврдиле дека целото семејство е пресреќно.

„Дејвид и Викторија се пресреќни. Ова ќе биде нивното последно дете, а тоа што им кажаа дека е девојче е црешата на тортата“ – изјавил близок на Бекамови.

Викторија не ја криеше желбата дека сака да го прошири своето семејство со ќерка. По сè изгледа дека Бруклин, Ромео и Круз на лето ќе добијат сестричка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.