Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Децата се најважни: Бредли Купер замина од прес-конференција поради итен повик од училиштето на ќерката Леа

Децата се најважни: Бредли Купер замина од прес-конференција поради итен повик од училиштето на ќерката Леа

Бредли Купер уште еднаш покажа колку е посветен татко. 48-годишниот актер и режисер прекина прес-конференција за да се погрижи за потребите на неговата ќеркичка Леа.

За време на прес за неговиот филм „Maestro“, Бредли добил повик од училишната медицинска сестра и им рекол на присутните: „Се извинувам, штотуку ми се јави училишната сестра. Може ли да излезам од собата за да ѝ се јавам, а вие можете да продолжите. Дали е тоа во ред?“.

По разговорот со школски претставник, Бредли се вратил во салата и им се извинил објаснувајќи: „Морам да одам до школото да направам нешто што ѝ треба на Леа. Морам да направам нешто што тие не го дозволуваат... Морам да го направам, тоа е на 10 минути пешачење од тука“.

Бредли Купер

6-годишната Леа е ќерка на Бредли со манекенката Ирина Шајк. Неодамна, таа призна дека немаат дадилка и дека обврските околу Леа ги делат со Бредли.

Пред неколку дена, Леа го придружуваше својот татко на премиерата на филмот „Maestro“ во Њујорк. Во еден момент, слаткото девојче си извади боенка и боеше додека траеја обврските на нејзиниот татко на филмскиот настан.

Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа

Ирина и Бредли се разделија во 2019 година, но имаат заедничко старателство над Леа.

Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.