Кристина Аштен Гуркани почина од срцев удар по пластична операција.
Девојката, која помина низ многу естетски корекции за да личи на Ким Кардашијан, издишала за последен пат минатиот четврток. Имала само 34 години.



Семејството на ѕвездата од OnlyFans ја сподели веста во соопштение и изјави дека се води истрага за нејзината смрт по „медицински зафат“.
Кристина имала направено многу козметички зафати за да личи на својот идол од семејството Кардашијан. Нејзините следбеници коментираат дека таа требало да биде свесна за ризиците и опасностите од вештачкото менување на изгледот.



