Девон Виндзор изминатиов викенд стапи во брак со Џони Декс на церемонија која се одржа на островот Свети Вартоломеј.
Списанието Harper’s Bazaar го објави свадбениот албум на моделот на Victoria’s Secret, овозможувајќи ѝ на публиката да ѕирне како изгледаа тридневните прослави.
За венчавката во црква, атрактивната манекенка носеше креација со чипка од Зухаир Мурад и долг вел.
За вечерната прослава, Девон се пресоблече во втора креација од Мурад со разголен грб.
Според поставениот дрес-код, на првата забава сите присутни беа облечени во бело, освен невестата. Таа носеше колоритен фустан од Alexis, брендот чиј ко-основач е нејзиниот сопруг Џони.
Парот организираше и забава на плажа, каде славеше со најблиските роднини и пријатели.
За таа пригода, Девон носеше два „невестински“ костими за капење, кои таа ги креираше за нејзината линија „Devon Windsor Swim“.