Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Два концерти на Камерен Оркестар на Битола во чест на Јонче Христовски

Два концерти на Камерен Оркестар на Битола во чест на Јонче Христовски

По двата концерти посветени на Тоше Проески, Камерниот Оркестар на Битола приредува уште два концерти овојпат посветени на музичкиот великан Јонче Христовски.

Јонче е легендата на македонската народна музика, кој не беше само пејач, туку и композитор и текстописец на многу познати македонски народни песни – „Ај засвирете ми чалгии песна тешка како животот“, „Ој Вардаре Македонски, ти ја красиш Македонија“, „Еј верни другари, песна запејте мене спомнете“. Тоа по што беше препознатлив е неговиот специфичен стил на изведба на песните – ги пееше со посебен жар, емоции и целосно се внесуваше во нив. А за него, неговите колеги и оние коишто го познаваа лично ќе речат дека беше и голем боем.

Камерен оркестар на Битола

Земајќи го во предвид неготово дело и културното наследство коешто го остави, како и желбата да се промовира нашето богатство во музичката уметност, Камерниот Оркестар на Битола ⋮IWConnect организира два концерти во негова чест - Јонче Христовски Симфонија.

Најубавите музички бисери на Јонче ќе бидат испеани од Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс), Агни Авшар придружени од Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect. Првиот концерт е на 04.04.2023, Центар за Култура, Битола, а вториот е на 05.04.2023, Национална Опера и Балет, Скопје. Почетокот на концертите е од 20.00ч, а влезниците се веќе пуштени во продажба.

Влезниците за концертот во Битола може да се набават од Центар за култура Битола.

Влезниците за концертот во Скопје може се набават онлајн на следниот линк: https://www.bileti.mk/e/joncehristovski

Покрај незаборавно музичко уживање, присутните на концертот може да очекуваат и извонреден сценски настап, кој ќе остане изненадување до самиот концерт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.