Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Дајте музика“ освои Златна Бубамара, малите ѕвезди испратија важна порака

„Дајте музика“ освои Златна Бубамара, малите ѕвезди испратија важна порака

„Има ли воздух“ во изведба на Филип Поповски долго време беше на врвот на топ листата на „Радио Бубамара“. Токму со оваа песна, јунаците од детската серија „Дајте музика“ ѝ се претставија на публиката во преполната сала во СЦ „Борис Трајковски“ на 23-тото издание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Филип, Наташа, Кики, Саша, Јован и Тео, придружувани од членовите на танцовото студио „Еурека“, со специјално изготвен перформанс за алармантноста на аерозагадувањето, на публиката ѝ порачаа дека децата се всушност најпогодените од овој феномен.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Со оглед на тоа што Златна Бубамара на популарноста е приредба за најдобрите и најпопуларните медиумски проекти во земјава, акцентот беше ставен на популарноста на серијалот „Дајте музика“ кај најмладите.

Главните протагонисти навистина се израдуваа на златната статуетка за Најпопуларна детска ТВ емисија за 2019, која до последен момент не знаеја дека ќе им биде доделена. Среќата беше повеќе од очигледна на сцената, на која покрај дечињата, беа и нивната менторка Весна Петрушевска, носителката на проектот Цаци Паковска, како и Ранко Рангеловиќ и Ирена Спировска, кои ја презентираа наградата.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

„Дајте музика“ е заеднички проект на „Македонската радиотелевизија“ и продукцијата „Рифенштал“. 30-те епизоди од серијалот имаат за цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности низ призмата на една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.

Фото: Филип Вирановски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.