Даниел Кајмакоски им даде можност на фановите да „ѕирнат“ во празничната атмосфера во неговиот дом.
40-годишниот пејач сподели фотографии на кои позира во пижами со исти новогодишни капи со сопругата Марина и синот Стефан.


„Се надевам дека во целост уживавте во последните неколку денови од оваа година. Нека оваа година замолкне со силен тресок и сите ваши проблеми нека исчезнат во воздухот, за новата година да ве дочека полни со љубов и хармонија...“ – напиша Кајмакоски.



Даниел и Марина споделија дека стапија во брак во јануари минатата година.

Тој претходно беше во брак со Кристина Димитријевска, од која се раздели во 2020 година. Тие заедно имаат едно дете.
