На синоќешната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, Блага Петреска освои награда за животно дело, но измами и огромен број комплименти.
Талентираната пејачка самоуверено зачекори на сцената во црн стајлинг и докажа дека умее да плени со елеганција и во осмата деценија од животот. Темниот фустан со волуменозни ракави и панделка на деколтето таа го надополни со високи ракавици и блескав накит.






Познатата 75-годишна прилепчанка со нејзиниот колега Ефто Пупиновски ја отпеа „Песната може сè“.











