Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Да бидам на иста сцена со тебе... совршен сон“: Игор Џамбазов се збогуваше со Мето Јовановски

„Да бидам на иста сцена со тебе... совршен сон“: Игор Џамбазов се збогуваше со Мето Јовановски

Игор Џамбазов со емотивна објава на Instagram се збогуваше со својот колега Мето Јовановски, кој издиша за последен пат на 77-годишна возраст.

Мето Јовановски

Македонскиот актер се потсети на нивните први заеднички моменти на театарската сцена. Во објавата посветена на Јовановски, Игор напиша:

Драг мој Методија,
Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. „Смртта на Дантон“, Драмски театар, осумдесет и некоја. Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист. И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата. Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа...

„Збогум сега за миг, и до скоро видување...“

Почивај во мир

Мето почина вчера, а веста за неговата смрт со јавноста на сподели Драган Спасов-Дац.

Тој секогаш ќе биде запаметен по многу филмски проекти, меѓу кои најпознати се „Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Пред Дождот“ и „Најдолгиот пат“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.