Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Греми 2010: настапите кои мора да ги видите

Греми 2010: настапите кои мора да ги видите

Сите манифестации кои на еден или на друг начин се поврзани со музика му оддадоа почит на големата легенда Мајкл Џексон. Но, емоционалниот настап на Селин Дион, Ашер, Кери Андервуд, Џенифер Хадсон и Смоки Робинсон во комбинација со 3D видеото „Earth Song“ ги надмина сите претходни почести. По овој настап, децата на Мајкл Џексон ја примија во негово име Греми наградата за животно дело.
Пинк ја воодушеви публиката со својот спектакуларен настап со песната „Glitter in the Air“.
Кога сме кај најдобрите настапи, нема како да ја прескокнеме апсолутната кралица на ноќта. Погледнете го настапот на Бијонсе, која освои 6 Греми награди и со тоа постави рекорд на најмногу освоени награди од женски изведувач.
Иако Лејги Гага го започна настапот сама со песната Poker Face, неа ѝ се придружи незаменливиот Елтон Џон и заедно направија одличен спој на песните Your Song на Елтон и Speechless на Лејди Гага. Елтон Џон досега има освоено 5 Греми награди, а Лејди Гага на оваа манифестација ги освои првите две.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.