Ријана со свеченост го одбележа почетокот на продажбата на Fenty Beauty во ланецот продавници Ulta Beauty.
Музичката ѕвезда со задоволство позираше на настанот во Лос Анџелес со кој нејзиниот бренд започна уште едно успешно поглавје.
Облечена во краток сребрен топ кој го разголуваше нејзиното стомаче и блескаво здолниште од Coperni, 34-годишната пејачка уште еднаш покажа дека нема намера да носи стандардна трудничка облека.


















Ријана е бремена со нејзиното прво дете со раперот Ејсап Роки.
