Гвен Стефани официјално има своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
54-годишната музичарка буквално блескаше на церемонијата на откривањето на ѕвездата со нејзино име. За важниот настан, таа избра сребрена мини креација со ѕвезди од Christian Cowan.
Гвен беше придружувана од трите сина – 17-годишниот Кингстон, 15-годишниот Зума и 9-годишниот Аполо, како и од сопругот Блејк Шелтон.










Шелтон се качи на сцената и одржа сладок говор кој ја расплака Гвен.






Стефани стекна светска слава со бендот No Doubt во 90-тите години, а потоа продолжи со успешна соло кариера.