Џенифер Анистон го истакна тонираното тело за да ја промовира својата соработка со Pvolve.
54-годишната актерка изгледа неверојатно во новата кампања за програмата за вежбање која соединува функционални тренинзи и опрема со отпор. Холивудската ѕвезда, која започнала да тренира по оваа програма по повредата на грбот пред две години, вели дека Pvolve ѝ помогна да си го зајакне телото.


„Како што влегуваме во нашите убави повозрасни периоди, мораме да ја одржуваме возбудата. И мораме да бидеме понежни кон нашите тела.“
„Кога само би го знаела ова пред 20 години кога си го кршев телото, ќе се поштедев од многу болка. Нашите умови порано мислеа дека мора да нè боли, без болка, нема добивка. Тоа мора да биде тренинг од еден час. Мора да вежбаш трипати дневно. Со ова, можеш да започнеш нежно“ – рекла таа.


Ѕвездата од „Friends“ отсекогаш го одржувала своето тело и каде и да се појави, добива само комплименти.





