Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВО ЖИВО: Гледајте го спектаклот со светски ѕвезди како Лејди Гага, Били Ајлиш, Андреа Бочели, Џеј Ло...

ВО ЖИВО: Гледајте го спектаклот со светски ѕвезди како Лејди Гага, Били Ајлиш, Андреа Бочели, Џеј Ло...

Светски познати актери, музичари, водители и спортисти се обединуваат за несекојдневниот спектакл „Еден свет: Заедно дома“ (One World: Together At Home), кој ќе биде емитуван на повеќе големи телевизии и онлајн.

Неколкучасовниот настан е организиран со цел да им се даде поддршка на здравствените работници кои од првите редови се борат со КОВИД-19.

„Ова е љубовно писмо до нашите доктори. Љубовно писмо за нашите медицински сестри и здравствени работници кои ги ризикуваат нивните животи за да ги спасат нашите“ – рече Лејди Гага, која има значајна улога во реализацијата заедно со организацијата Global Citizen и Светската здравствена организација.

Стивен Колберт, Џими Фелон и Џими Кимел ќе го водат шоуто на кое ќе се појават многу ѕвезди како Били Ајлиш, Пол Мекартни, Елтон Џон, Селин Дион, Џенифер Лопез, Џон Леџенд, Опра, Алиша Кис, Тејлор Свифт...

ВО ЖИВО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.